Надал преку Карено-Буста до ново финале во Барселона

Рафаел Надал стигна до ново финале на АТП турнирот во Барселона откако во полуфиналето славеше над Пабло Карено Буста со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2. Рафаел Надал на експресен начин стигна до своето 12 финале на турнирот во Барселона кој по Ролан Гарос е неговиот најуспешен.

Во финалето ќе игра со Стефанос Циципас од Грција кој во првото полуфинале беше подобар од Италијанецот, Јаник Синер со 2-0 (6-3 и 6-3).

Се вчитува...