Надал преку Квери си закажа полуфинале со Федерер

Вимблдон ќе понуди голема возбуда во полуфиналната пресметка на Рафаел Надал и Роџер Федерер. Шпанецот го совлада американскиот тенисер Сем Квери со 3-0 во сетови и закажа полуфинале со Федерер.

Неизвесноста беше присутна само во првиот сет, кој сепак на крајот му припадна на Надал со 7-5 во гемови. Потоа Шпанецот доминираше и во следните два сета му отстапи само по два гема на Квери.

Во второто полуфинале на грен-слем турнирот во Лондон, силите ќе ги одмерат првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут.

Се вчитува...