Надал преку Шварцман во полуфиналето на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос, откако со 3-1 во сетови го совлада Аргентинецот Диего Шварцман. Мечот се играше два дена. Четвртфиналето почна вчера, Шварцман го доби првиот сет со 6-4 во гемови, а потоа дождот го прекина дуелот.

Во продолжението Надал успешно го комплетираше вториот сет со 6-3,  а следните два му припаднаа со по два загубени гема.

Надал во полуфиналето ќе го очекува победникот од мечот меѓу Чилиќ и Дел Потро кој е во тек.

Се вчитува...