Надал преку Циципас до финалето во Рим

Рафаел Надал му се реваншираше на Стефанос Циципас за елиминацијатa на турнирот во Мадрид минатата недела триумфирајќи во полуфиналната пресметка на Мастерсот во Рим. Шпанецот победи со 2-0 во сетови и обезбеди пласман во финалето во кое за противник ќе го чека поуспешниот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Диего Шварцман.

Надал во воведниот сет му дозволи три гема на противникот, а во вториот сет Циципас беше за нијанса поконкурентен и освои гем повеќе.

Рафаел Надал е во обид да дојде до првата титула во 2019 година или 81. вкупно во кариерата.

Се вчитува...