Надал преку Циципас до полуфинале на Завршниот турнир во Лондон

Рафаел Надал успеа да се пласира во полуфиналето на АТП завршниот турнир во Лондон, откако во одлучувачкиот меч од групата „Лондон 2020“ го совлада Гркот Стефанос Циципас со 2-1 по сетови 6-4, 4-6 и 6-2.

По еден брејк беше доволен за освојување на првите два сета, по еден за двајцата тенисери, додека во одлучувачкиот трет, Шпанецот одигра неверојатно и успеа да го освои лесно со 6-2 и да стигне до победа. Во полуфиналето популарниот Рафа ќе игра против Русинот Данил Медведев кој пред последното коло го осигура првото место во групата „Токио 2017“.

Во второто полуфинале Доминик Тим ќе го чека подобриот од мечот меѓу првиот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ и Германецот, Александар Зверев.

Се вчитува...