Надал преку Вавринка до четвртфинале во Торонто

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Торонто, славејќи во третото коло против Станислас Вавринка.

Надал, во два сета успеа да го реши Вавринка, славејќи со 7-5,7-6(4), па сега во четвртфиналето ќе се соочи со шестиот носител Марин Чилиќ кој претходно го елиминираше Аргентинецот Диего Шварцман.

Во четвртфиналето се пласираше и Русинот Качанов кој во 3. коло беше подобар од Американецот Иснер со 7-6,7-6, како и Холанѓанецот Хаасе победувајќи го Шапалов во два сета.

Се вчитува...