Надал размислува за пензија: Часовникот отчукува…

Рафаел Надал се посериозно ја разгледува опцијата за предвремен крај на кариерата откако повредата на стопалото му создаде сериозни проблеми и мораше да ги пропушти Вимблдон, УС Опен, како и Олимписките Игри во Токио.

Шпанскиот ас мораше да биде опериран, а рехабилитацијата се одвива многу бавно, па дел од медиумите во неговата татковина се загрижени дека Надал би можел да објави и крај на кариерата доколку состојбата наскоро не му се подобри.

„Имав толку многу фантастични моменти низ кариерата, какви што не сум сонувал дека можам да доживеам. Имав и тешки периоди поради повредите, што досега секогаш успевав да ги надминам и да продолжам понатаму. Како што минуваат годините така станува се потешко, мора да се биде реален, часовникот отчукува, се е толку компликувано. Јас ќе сторам се за да се изборам за она што го сакам, враќање на теренот, но тоа не е нималку лесно“, изјави Надал.

Се вчитува...