Надал револтиран: Зарем да играме до два часот по полноќ?

Шпанците славеа против Русија во вчерашниот меч од Дејвис Купот со 2-1, во пресметката која беше завршена во два часот по полноќ.

Откако го победи Хачанов и израмни на 1-1, Рафаел Надал искажа огромно незадоволство од системот на натпреварување и саатницата на натпреварите.

„Најлошо е кога мечот ќе почне во тоа време. Тоа е лошо за играчите и за сите лица кои следниот ден се на работа. Би било добро попладневниот термин да биде порано“ – истакна Надал на прес-конференција во 2 часот по полноќ.

„Ова е навистина катастрофално. Ти завршува мечот во 2 после полноќ, па потоа разговор со новинарите, па додека ти легнат впечатоците, па рекуперација и додека отидеш во хотел тоа е 4-5 наутро. Ова би можело да ни се случи и со Хрватска, навистина некоректно“ – рече Надал.

Откако ги победија Русите сега Шпанците ги чека пресметката со Хрватска денеска. Надал ќе игра против Борна Чориќ.

Се вчитува...