Надал се мачеше, но на крај го доби Пелја

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето во Монте Карло победувајќи го Гвидо Пелја со 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.

Првиот сет беше клучен. Траеше еден час и 22 минути. Бранителот на титулата резервирано го почна мечот, а по првите пет гема беа изненадувачки Пелја имаше предност од 4-1. Надал успеа да го однесе сетот во тај-брејк, кој го доби со убедливи 7-1 на поени.

Во вториот сет имаше само лесна задача за конечна победа.

Надал во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Борна Чориќ и Фабио Фоњини.

Се вчитува...