Надал се откажа од Вимблдон и од ОИ во Токио

Рафаел Надал ги разочара своите фанови со објавата дека ќе земе одмор од тенисот во наредните месеци, што значи дека нема да биде дел од претстојното издание на Вимблдон, како и од тенискиот турнир на Олимписките Игри во Токио.

Шпанецот најави вакво нешто веднаш по поразот од Новака Ѓоковиќ на Ролан Гарос, за денеска само да ја потврди одлуката. Надал има две титули на Вимблдон, во 2008 и во 2010 година, а во својата колекција има и две олимписки злата, во сингл од Пекинг во 2008 и во дубл од Рио де Жанеиро во 2016 година.

„Моја цел е да ја продолжам кариерата и да продолжам да го правам она што ме прави среќе – да играм на највисоко ниво. Има премногу кратко временско растојание меѓу Ролан Гарос и Вимблдон, секогаш ми е тешко телото да го рехабилитирам по сезоната на земјени турнири на која трошам многу енергија. Затоа, овојпат нема да можам да учествувам ниту на Вимблдон ниту на Олимписките Игри во Токио“, објави Надал.

Се вчитува...