Надал се помири со судбината: Никогаш нема да го стигнам Ѓоковиќ

Рафаел Надал продолжува со тренинзи со цел да биде максимално подготвен за почетокот на 2024 година, но шпанскиот тенисер се уште не е сигурен дали ќе биде „фит“ за настап на Австралија Опен.

Во последното интервју за шпанските медиуми тој обелодени дека се уште нема одредено датум за камбек, но и дека повеќе воопшто не размислува за напад на гранслем-трофеи. Ова практично значи дека Надал нема никакви шанси да го стигне Новак Ѓоковиќ, од кого моментно има два пехари помалку од најголемите тениски турнири.

„Никогаш нема да го стигнам Ѓоковиќ по бројот на гранслем пехари, тоа е сигурно. Не сум во позиција за такво нешто, бидејќи немам играно тенис речиси цела година. Само сакам повторно да заиграм, да уживам играјќи тенис, а не би сакал повторно да говорам на темата за трофеите на гранслем турнирите. До неодамна не бев сигурен дали ќе се вратам, сега можам да кажам дека искрено верувам во тоа. Се уште не знам кога тоа ќе се случи, разбирам дека јавноста ја интересира, но јас немам одговор на тоа прашање. Најмногу од сите сакам повторно да истрчам на терен, но не смеам да ризикувам нова повреда“, изјави Надал.

Се вчитува...