Надал се повлече од Торонто: Не можам да играм на највисоко ниво

Рафаел Надал ги разочара своите фанови објавувајќи дека нема да настапи на Мастерс-турнирот во Торонто. Шпанецот отпатува за Канада, таму одржа неколку тренинзи, но на крајот сепак реши да не земе учество на силниот турнир, кој на тенисерите им служи како „генералка“ пред настапот на УС Опен.

Причина за отсуството е повредата на ногата поради која Надал не настапи на Вимблдон и на ОИ во Токио. Тој се врати на терените на турнирот во Вашингтон, но таму неочекувано загуби од Лојд Харис, меч на кој очигледни беа неговите проблеми со движењето.

„Го влечам истиот проблем веќе неколку месеци. Секако дека сум тажен што нема да играм во Торонто, особено по сите успеси во кариерата што ги имав на турнирите во Канада. Сепак, чувствувам дека не можам да играм на највисоко ниво, а кога е тоа така најдобро е воопшто да не излезам на терен се додека не сум 100% подготвен“, изјави Надал.

Се вчитува...