Надал се враќа на тенисот и ќе игра на Австралија Опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра на Австралија Опен. Оваа вест ја потврди директорот на турнирот, Крејг Тили.

37-годишниот Шпанец освои 22 Грен слема, не заигра тенис од јануари и повредата на второто коло на Австралија Опен. Во оваа една година имаше операција на колкот.

„Можеме ексклузивно да откриеме дека Рафа се враќа. Многу пати разговаравме во последните неколку дена, и ми потврди дека ќе се врати. Возбудени сме поради неговото доаѓање и тоа е одлично“, рече Тили.

Надал за многумина е најдобриот тенисер на сите времиња, заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, а на Австралија Опен ќе може да настапи благодарение на „заштитениот“ ранкинг. Во моментов Шпанецот е на 240. место на АТП листата.

Се вчитува...