Надал се враќа после една година пауза

Поранешниот светски рекет број 1 Рафаел Надал, објави дека се враќа на натпреварувањата. Тој ќе учествува на турнирот во Бризбејн, кој се одржува во јануари и служи како загревање за Австралија Опен.

Освојувачот на 22 Грен Слем титули, не играше тенис откако се откажа од 2. коло од Австралија Опен поради проблеми со колкот.

„После една година пауза, време е да се вратам“, гласеше пораката на Надал на социјалните мрежи.

„Ќе биде тоа во Бризбејн, првата седмица од јануари. Се гледаме таму“, додаде Надал.

Се вчитува...