Надал се враќа во Монте Карло

Рафаел Надал би требало да го има својот камбек на тениските терени на претстојниот Мастерс-турнир во Монте Карло, откако името на Шпанецот се појави на официјалната листа на пријавени тенисери за ова натпреварување.

Вториот светски рекет поради болка во коленото се повлече пред полуфиналниот дуел во Индијан Велс против Роџер Федерер, по што објави и дека нема да настапи на турнирот во Мајами. Сепак, повредата не е многу сериозна, па Надал би требало да биде подготвен за целокупната програма на земја, подлога што најмногу му одговара на шпанскиот ас.

Турнирот во Монте Карло е еден од омилените за Рафаел Надал, кој има 11 титули во „малото кнежевство“, а во периодот од 2005 до 2013 година се наоѓаше во серија од неверојатни 46 победи во низа, најмногу на еден турнир од било кој тенисер или тенисерка во историјата на овој спорт.

Се вчитува...