Надал се врати во Шпанија – Под знак прашалник и УС опен

Рафаел Надал се вратил во Шпанија откако го откажа учеството на Мастерс турнирите во Канада и Синсинати. Тој се повлече од овие два турнира поради проблемот со левото стапало.

По проценка на докторите во Шпанија тој ќе одлучи дали ќе настапи на УС опен. Турнирот во Њујорк требаше да претставува врв на сезоната бидејќи по освојувањето на Вимблдон на Новак Ѓоковиќ заедно со Надал и со Федерер сите имаат по 20 освоени гранд-слам титули.

Интересно е тоа што ниту еден од овие тројца нема да настапи на ниту еден од турнирите кои што се предвесник на „Флешинг мидоус“.

Се вчитува...