Надал: Штета, можев и до трофејот на Вимблдон…

Рафаел Надал не го криеше разочарувањето по елиминацијата уште во осминафиналето од Вимблдон, откако Шпанецот го загуби маратонот со Жил Милер од Луксембург, со 13-15 во петтиот решавачки сет. По повеќе од пет часа борба шпанскиот ас беше принуден на капитулација, со што исчезнаа и неговите надежи дека би можел на крајот од оваа седмица да се искачи и на врвот на АТП-листата.

Разочаран сум, ова е вистинска штета. Дојдов овде подготвен, знам дека можев да стигнам и до титулата на Вимблдон, но ете загубив во осминафиналето. Немам што конкретно да кажам, дадов се од себе, одиграв на високо ниво по грешките во првите два сета. Имав свои шанси и во петтиот сет, но тоа е спортот. Ми останува сега добро да се одморам, па максимално подготвен да влезам во завршниот дел од сезоната“ – изјави Надал по вчерашниот пораз.

Се вчитува...