Надал: Системот е фер, далеку е полуфиналниот дуел со Новак

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека сè уште не размислува за потенцијалниот дуел со првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос. Шпанецот со победа ја започна одбраната на титулата во Париз, откако во првото коло го совлада Алексеј Попирин со 6-2, 6-3, 7-6.

Надал дојде до триумфот успевајќи да спаси два сета на ривалот во третиот сет.

„Дури и да го загубев третиот сет, сепак ќе имав добра шанса да победам. Кога се соочувате со меч-топка топка за одлучување на натпреварот, тоа е друга приказна, бидејќи ако го изгубите тој поен, тогаш си одите дома. Но, во ситуација кога играте на три освоени сета, не е страшно ако изгубите еден. Секако, не сакам да го изгубам сетот, но и тоа е дел од играта“, изјави Надал.

Шпанецот е трет носител на турнирот, кој досега го има освоено 13 пати, а ждрепката одлучи Надал да се најде на страната на жребот со првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ.

„Такви се правилата, вака функционира рангирањето. Нема спорт во кој постои систем кој е поправеден отколку во тенисот. Одредувањето на носителите зависи од ранг-листата, па сето тоа зависи од тоа што сте покажале досега. Сега сум трет, Медведев е втор, Новак е прв. Нема проблем. Тука сум да го дадам својот максимум. Кога сте трети, знаете дека ќе играте против првиот или вториот во ждрепката. Овој пат завршив со Новак. Но, треба да се помине долг пат до полуфиналето. Одиграв само еден натпревар, задоволен сум како помина и сега сум фокусиран на следниот. Тоа е тоа. Не ми е гајле за останатото“, изјави Надал.

Следниот противник на Шпанецот ќе биде Ричард Гаске.

Се вчитува...