Надал со јубилеј до полуфинале во Барселона

Шпанскиот ас Рафаел Надал со победа од 2-0 (6-1, 6-4) над тенисерот од Велика Британија, Камерон Нори избори место во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона и стигна и до јублиеј откако ја забележа 450. победа на земја.

Надал доминатно го започна натпреварот и првиот сет го доби со убедливи 6-1, Британецот возврати со подобра игра во вториот сет во кој беше изедначено (4-4), но Шпанецот не дозволи изненадување и рутински приреди крај на средбата.

Се вчитува...