Надал со победа над Тим ја почна 2021 година

Рафаел Надал ја започна 2021 година со победа. Сопственикот на 20 грен слам титули беше подобар од Доминик Тим на егзибициски меч во Аделаид и оствари победа со резултат од 7:5, 6:4. Дуелот во првиот сет до резултат 5: 5 го одбележаа добри сервиси на двете страни. Ниту еден од играчите немаше можност за брејк. Дури во 11-от гем, Шпанецот успева да му го одземе сервисот на Тим и да стигне до предност од еден сет.

Слично сценарио двајцата тенисери покажаа и во вториот сет, само што овој пат Надал дилемата за победник ја реши порано. Рафа обезбеди водство од 5:4, а потоа го искористи својот сервис за да го добие натпреварот во своја полза против третиот играч во светот.

„Ова беше тешка година за целиот свет. Австралија е позитивен пример за тоа како работите можат да се направат на вистински начин и да заеднички да се бориме против пандемијата. Последните две недели беа прекрасни, иако не е идеално кога сте во карантин. Сепак, тоа беше предуслов сега да можеме да бидеме пред гледачите и фановите на тенисот. Ние и должиме огромна благодарност на Австралија и на вашата тениска федерација “, рече Надал по крајот на мечот.

Се вчитува...