Надал со поддршка за Руд во финалето против Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ има шанса да го престигне Рафаел Надал со историска 23. грен слем титула доколку слави во финалето на Ролан Гарос против норвешкиот тенисер Карпер Руд.

Додека голем број симпатизери на тенисот навиваат за историја на Србинот, академијата на Надал на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија од 14-годишниот Руд со која индиректно го поддржа помладиот тенисер.

„Во 2013 година младиот Каспер Руд (14 годишен) гледа како Рафа го освои Париз. Во 2023 година ќе го игра на стадионот „Филип Шатрие“ своето второ финале и ќе се бори за грен-слем титула. Напред!“

Се вчитува...