„Надал сонува за уште една титула на Ролан Гарос“

Рафаел Надал повторно ќе биде кандидат за најголемите титули, доколку биде целосно фит, тврди неговиот вујко Тони. Искусниот стручњак, кој работеше со поранешниот број еден до 2017 година, разговараше за Радио Монте Карло со Марион Бартоли за враќањето на Рафа на теренот.

Сезонава шпанскиот тенисер играше само на почетокот на годината во Австралија, каде се повреди, а потоа не беше на теренот, што предизвика негов пад на 664. место на АТП листата.

„Рафа работи многу добро во моментов. Тој се врати и тренира со добар интензитет. Најважна работа и цел е да игра повторно на Ролан Гарос. Мислам дека воопшто не размислуваше за пензионирање од една едноставна причина. Не сака да се пензионира со чувство дека е повреден. Сонува да има добра година, да се обиде повторно да игра на многу високо ниво. Знае дека ќе биде многу тешко, бидејќи секоја година станува сè потешко и потешко. Неговиот сон е повторно да биде таму, особено да игра повторно во Париз. Ако неговото тело е добро, тој мисли дека ќе има шанса повторно да слави на Ролан Гарос“, изјави Тони Надал. 

Се вчитува...