Надал стана „капетан“ – Со нова јахта тргнува на пловидба низ светот

Рафаел Надал имаше добра сезона зад себе, иако остана без првото место на АТП-листата. Тој го освои 20-от Гран слем во кариерата победувајќи на Ролан Гарос, а сега одлучил да се опушти и да се награди со нова супер и луксузна јахта.

Надал сака да го поминува слободното време на својата јахта од, „вртоглава“ сума, 6 милиони евра, а ја нарече „Големата бела“. Станува збор за јахтата „Sunreef 80 Power“ што Рафа ја купил за да може да ужива во пловењето на најдобар можен начин.

„Пловам по повеќето Балеарски острови. Мојот сегашен живот не дозволува подолги крстарења, но кога ќе имам време, тогаш најпрво ќе му се посветам на пловењето низ Медитеранот. На ум во прв план ги имам островите во Хрватска , потоа Корзика и Грција, а исто така сонувам да патувам и на Карибите. Ја користам секоја можност да пловам, и тоа не само во летните месеци. За време на есента и зимата, знам да тренирам од 8 до 14:30 часот, потоа да одам со брод, да спијам во осамен залив и да се вратам наутро на нова тренинг сесија “, рече Надал.

Станува збор за јахта чиј модел е од 2020 година. Таа има неколку дневни простории, туш кабина, посебен покрив од кој може да се гледа небото, а има и голем салон. Секако, тука се наоѓа и мини џакузи!

Капацитетот на „Големата бела“ нуди сместување до 12 лица со уште четири члена на екипажот, а се движи со мотор од 575 или 1.200 коњски сили.

 

Се вчитува...