Рафаел Надал во одбрана на светскиот рекет број 1, Јаник Синер за кого критиките траат долго време од светската јавност.
Секако, причината е скандалот околу двата позитивни допинг тестови од минатата година.
„Тоа веќе неколку пати го кажав, целосно сум убеден дека Јаник никогаш не сакал никого да измами, ниту да направи нешто лошо. Можам да ја ставам раката во оган за тоа. За него изминатата година беше вистинска голгота. Секако, ваквите настани се негативни и за тенисот. Ако почнете да се сомневате во нешто, таквите негативни работи остануваат за цел живот. Се разбира, не сакам да давам мислење за нешто што не го знам. Но, претпоставувам дека кога е донесена одлуката, таа е донесена врз основа на потребни информации кои не ги знаеме. Навистина не верувам дека Јаник, бидејќи е број 1, бил третиран поинаку од другите“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА