Надал стои на патот до трофејот на Циципас

Рафаел Надал се пласираше во финалето од Мастерс-турнирот во Торонто, каде првиот носител за противник ќе го има големото изненадување Стефанос Циципас.

Шпанецот синоќа се соочи со проблеми против Русинот Качанов, но сепак успеа да стигне до триумф од 2-0 во сетови. Тој мина на теренот еден час и 49 минути, го доби првиот сет во тајбрејк, за потоа да направи брејк на почетокот од вториот и да слави со конечни 7-6, 6-3.

Циципас игра извонредно во Торонто, веќе ги елиминираше Ѓоковиќ и Зверев, а синоќа се врати од негатива од 0-1 во сетови и го совлада и Кевин Андерсон. Младиот Грк спаси и една меч-топка во тајбрејкот од третиот сет, за да направи пресврт и да стигне до свoето прво финале на Мастерс-турнирите во кариерата.

Се вчитува...