„Надал тренира напорно и ќе биде подготвен за Монте Карло“

Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал е во фаза на враќање во форма и ќе биде подготвен за сезоната на земја. Анхел Руиз Которо, докторот на Надал, изјави дека Рафа се чувствува добро.

Шпанецот беше под знак прашалник, сепак последните лекарски анализи велат дека Рафа ќе биде максимално подготвен да се врати на теренот.

„Надал тренира добро, тој тренира напорно. Неговата цел е да игра на Ролан Гарос. Прво Монте Карло, а крајната цел е Ролан Гарос. Тоа е јасно“, рече Которо.

Турнирот во Монте Карло е на програмата од 11 април, а Надал досега славеше 11 пати на овој турнир. Шпанецот не се прослави на Австралија опен, имајќи предвид дека загуби во четвртфиналето од Стефанос Циципас.

Според најавите, покрај Надал, и првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на теренот во Монте Карло.

Се вчитува...