Надал тргна моќно на Мастерс-турнирот во Лондон

Рафаел Надал импресивно го почна настапот на Мастерс-турнирот во Лондон, откако лесно и убедливо славеше над Рублев со 2-0 во сетови. Шпанскиот ас, кој е втор носител на овој турнир, го доби првиот сет со 6-3, а потоа на самиот старт од вториот направи брејк и поведе со 2-0. Русинот се обиде да стори нешто повеќе, но класата на Надал пресуди големиот ас без загубен сет да го добие овој меч (6-3, 6-4).

Претходно, во првата средба од оваа група Доминик Тим по голема битка славеше над Циципас со 2-1 во сетови. Најнеизвесно беше во првиот сет, што Тим го доби во тајбрејк со 7-5, грчкиот тенисер покажа заби и израмни добивајќи го вториот сет со 4-6, за Тим да го контролира резултатот во решавачките моменти и да слави со 6-3.

Утре на програмата се дуелите од втората група, во која ќе се сретнат Ѓоковиќ и Шварцман (15 часот) и Медведев и Зверев (21 часот).

Се вчитува...