Надал веќе се пријавил за турнирот во Барселона

Вториот светски рекет, Рафаел Надал го потврди учеството на турнирот од Серијата АТП 500 во Барселона, во април 2019 година.

Шпанскиот тенисер кој годинава ја освои 11.титула на овој турнир, веќе го утврдува планот на турнири на кои ќе игра во наредната сезона, а Барселона за него е една од незаобиколните дестинации.

„Уште еднаш би сакал да потврдам дека ќе играм во Барселона. Тоа ќе биде посебна година за мене, бидејќи по 15-ти пат ќе играм на овој турнир. Се гледаме во април во Барселона“ – порача Рафаел Надал.

Турнирот во Барселона е еден од најпрестижните во тенискиот свет и секоја година таму најстапуваат најмалку пет од најдобрите десет светски тенисери. Надал е убедливо најуспешниот тенисер на овој турнир на кој во 14 досегашни настапи има загубено само три меча.

Се вчитува...