Надал во три сета славеше против Гаске за 3. коло на Ролан Гарос

Шампионот на Ролан Гарос, Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Грандслем турнирот во Париз откако славеше против Французинот Ришар Гаске со 6-0, 7-5, 6-2.

Во 17-от меѓусебен меч меѓу двајцата тенисери, Надал дојде и до 17-та победа. Двапати се среќаваа и на Ролан Гарос во 2005 и во 2008 година и Рафа во двата наврати славеше.

Се вчитува...