Надал за Ѓоковиќ: Не смее да се фрлаат рекети на трибина, па ние сме пример за деца…

Рафаел Надал се приклучи на дискусијата околу односот на Новак Ѓоковиќ за време на дуелот за бронзениот медал на ОИ против Карењо Буста, кога српскиот тенисер ги загуби нервите и го фрли рекетот кон трибините.

„Да бидам искрен, ми беше чудно да видам голем ас како него да изреагира на таков начин. Никако не смее да се фрлаат рекети на трибина, не само поради тениските правила, туку пред се бидејќи ние сме пример за многу деца ширум светот“, изјави Надал.

Според него, Новак ќе има нималку лесна задача да стигне до трофејот на УС Опен и да го комплетира „календарскиот гранслем), освојувајќи ги сите четири гранслем турнири во една година.

„Ќе биде многу тешко за него, бидејќи огромен број на играчи се во добра форма и ќе сторат се за да дојдат до пехарот на УС Опен. Сепак, Новак игра одлично цела година, она што го оствари е фантастично и сигурно има добри шанси да биде најдобар и во Њујорк“, прокоментира Рафаел Надал.

Се вчитува...