Надал загуби, па „удри“ по Киргиос: Тој не почитува никого…

Рафаел Надал претрпе неочекуван пораз во Акапулко од Ник Киргиос, откако шпанскиот ас прокоцка предност од 1-0 во сетови и на крајот загуби со 1-2, прерано завршувајќи го настапот на овој турнир. Второрангираниот светски тенисер има за што да жали бидејќи во третиот сет тој имаше три меч-топки, една од нив на свој сервис при водство од 6-5, но потклекна во клучните моменти и на крајот го загуби мечот со два тајбрејка (6-3, 6-7, 6-7).

Шпанскиот тенисер по мечот беше разочаран од конечниот исход, но и од односот на противникот, откако Киргиос повторно влезе во конфликт со фановите и со судијата.

„Ова беше еден од ние денови кога ќе направите се што можете, но нема да ви се поклопат работите за да победите. Разочаран сум, но ќе извлечам поука и ќе играм уште подобро на следните турнири. Киргиос не е лошо момче, мислам дека е добар човек, но му недостига почит, кон противникот, кон судијата, кон фановите…. Тој е играч со неверојатен талент, способен да освојува и гранслем трофеи, но таквиот однос кон околината е главната причина поради која е далеку од врвот. Како и да е, тој денеска заслужено ме победи и му честитам“ – истакна Надал.

Се вчитува...