Надал загуби сет, но ја помина пречката наречена Шварцман

Рафаел Надал стигна до ново полуфинале на Ролан Гарос, откако во четвртфиналето беше подобар од Аргентинецот, Диего Шварцман со 3-1, по сетови 6-4, 4-6, 6-4 и 6-0. Првите три сета се водеше вистинска битка.

Првиот му припадна на Надал, а вториот на Шварцман. Вистинската борба продолжи до 4-4 во третиот сет кога Шпанецот направи брејк и до крајот успеа да ги освои сите гемови. Во полуфиналето се очекува мега пресметка меѓу Надал и Ѓоковиќ, но прво Србинот ќе мора да триумфира вечерва против Италијанецот, Матео Беретини.

Се вчитува...