Надал закажа мега-дуел со Ѓоковиќ

Рафаел Надал дефинитивно ќе ја зголеми предноста на врвот на АТП-листата во однос на Роџер Федерер, откако Швајцарецот денеска испадна во четвртфиналето на Вимблдон, додека шпанскиот ас по голема битка против Хуан Мартин дел Потро сепак успеа да стигне до полуфинален билет.

Надал се најде во негатива од 1-2 во сетови, но првиот носител покажа карактер кога беше најважно, умешно ги користеше шансите што му се укажаа и по огромна борба стигна до конечни 3-2 во сетови (7-5, 6-7, 4-6, 6-4, 6-4). Следниот предизвик за Надал е уште поголем, пресметка со големиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Во последната четвртфинална пресметка се сретнаа двајца одлични сервери, а Џон Иснер излезе како победник од дуелот со Милош Раониќ, славејќи со 3-1 во сетови иако канадскиот тенисер прв дојде во водство.

Се вчитува...