Надеж за Милан: Анчелоти се враќа на клупата?

Милан повторно се наоѓа во криза, далеку е од борбата за влез во Лигата на шампионите, но кај навивачите повторно се јави ронка надеж за подобра иднина по најавите дека „росонерите“ би можеле да го ангажираат Карло Анчелоти како нов тренер. Имено, директорот Паоло Малдини решил да ја искористи кризата во Наполи за да го контактира трофејниот стратег, кој и самиот е заинтересиран за враќање на „Сан Сиро“.

Анчелоти има договор со Наполи до крајот на сезонава и во јули 2019 е слободен за преселба, но лесно може да се случи тој да дојде во Милан и среде сезона, доколку се реализираат најавите дека Де Лаурентис ќе му врачи отказ до крајот на годинава. Пиоли не се покажа како вистинско решение, па веднаш би добил отказ доколку Анчелоти стане достапен на пазарот.

Карло Анчелоти седеше на клупата на Милан во периодот од 2001 до 2009 година, освојувајќи две титули во ЛШ и едно скудето. Јасно е дека со него ќе се врати и оптимизмот меѓу приврзаниците на „росонерите“, кои стануваат се поразочарани со секоја наредна сезона.

Се вчитува...