Надежите до 17 години на две контролни средби со Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 17 години на почетокот на мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Контролни дуели ќе бидат одиграни на 2. и 4. мај во Бар, Црна Гора. Првиот меч кој ќе го одиграат Македонија и Црна Гоа на 2. мај ќе започне во 17. часот. Втората средба е на програмата на 4. мај во 12. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Вујадин Станојковиќ, за претстојниот предизвик и двомечот со Црна Гора се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.), Даниел Диковски (Кул Здравје);

Одбрана: Фљакрон Мемиши (Шкендија), Андреј Велков (Академија Пандев), Анес Мелиќи (Шкендија), Бојан Ивчески (Победа), Анѓел Настевски (Македонија Ѓ.П.), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички);

Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Никола Манојлов (Работнички), Милот Синани (Арау, Швајцарија), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Матеј Гаштаров (Вардар), Алтин Нурединовски (Њу Старс), Давид Ристовски (Академија Пандев), Максимилијан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Невен Костадинов (Тиквеш), Аљмир Подграѓа (Работнички);

Напад: Веби Ислами (Шкендија), Алтин Алији (Вардар), Тарик Демишковски);

Се вчитува...