Надежите до 19 години славеа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен и доста возбудлив натпревар успеа да оствари минимална победа со 2-1 над соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен натпревар помеѓу овие две селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Нашите млади фудбалери по првиот дел имаа негатива од еден погодок, но по одличното второ полувреме и постигнатите два гола успеаа да слават победа против силниот противник.

Црна Гора прва поведе преку Заковиќ во 26. минута. Гаштаров во 73. минута постигнува погодок за израмнување. Во 86. минута Македонија прави комплетен пресврт и со погодокот на Алмир Подграѓа славеше победа со 2-1.

Се вчитува...