Надежите го склопуваат мозаикот пред новите квалификации (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација попладнево на тренинг центарот Петар Милошевски, одигра 1-1 против селекцијата на Ерменија во пријателски меч. Надежите предводени од Драган Канатларовски имаа водство, а потоа и голем пад во играта, со оглед дека Ерменија пред голот погоди и пречка.

Ерменците израмнија, тргнаа и по победа, но Македонија во финишот беше подобра, па имаше шанса да дојде и до победата.

Цапар им даде шанса на многу фудбалери, за да има појасна слика на кого може да смета за квалификациите против Шведска на гости и Холандија дома во септември. За надежите следува уште еден тест дуел против Малта во вторник, по што селекторот ќе има појасна слика за настапите во квалификациските мечеви.

Се вчитува...