Надежите поразени од Словачка, нашата клупа реагираше на недосуден пенал во финишот

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, загуби во последниот натпревар во Анталија од селекцијата на Словачка минимално со 1-0. Резултатот можеше да биде поинаков ако беше досуден пенал во финишот од средбата, реакција на судијата која ги налути и од нашата клупа, па селекторот Канатларовски реагираше кон арбитрите, но залудно.

Голот на Словачка падна во 67. минута кога по една акција, Словаците погодија во мрежата на Алчевски.

Ова беше трета и последна контрола на младите во Анталија. Претходно одиграа со Летонија (пораз 3-0), и ја совладаа Финска на пенали.

Покрај недосудениот пенал, Македонија имаше уште неколку шанси да дојде до подобар резултат, но тие не беа искористени.

Се вчитува...