Наџи Шенсои го презема кормилото на Беласица!?

Поранешниот тренер на Пелистер, Наџи Шенсои треба да биде нов шеф на стручниот штаб на струмичка Беласица. Според нашите информации, Шенсои веќе е во интензивни преговори со раководството на Беласица од пролетниот дел на првенството да го преземе кормилото на струмичкиот прволигаш.

Беласица по вчерашниот пораз од Силекс во последното есенско коло информираше дека поради лошите резултати на тимот ја прекинува соработката со Марјан Живковиќ. Па, сега се во потрага по нов тренер.

60-годишниот Шенсои го предводеше Пелистер во сезоната 2016/2017. Во својата тренерска кариера беше тренер на бугарските Вихрен, Пирин, Локомотив Пловдив, Славија Софија, како и албанските Билиш Балш и Кукс.

 

Се вчитува...