Нафиу потпиша за романски Волунтари

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Валмир Нафиу кариерата ќе ја продолжи во романскиот прволигаш Волунтари.

24-годишниот Нафиу и дефинитивно се договори на двегодишна соработка со Волунтари, на тој начин повторно активирајќи интернационална кариера.

Нафиу, кој потекнува од фудбалската школа на Шкендија, изминатава сезона настапуваше за Ренова а претходно во својата кариера има настапи и за младинскиот тим на Базел, за германски Хамбургер, за АПОЕЛ во Кипар и за албанскиот прволигаш Скендербег.

Се вчитува...