Нагелсман бесен: ВАР-судиите гледаа некој друг натпревар

Тренерот на Лајпциг, Џулијан Нагелсман, беше бесен на арбитражата на гостувањето на неговиот тим против ПСЖ. „Светците“ славеа со гол од пенал, што според Нагелсман не ни требало да биде досуден бидејќи немало контакт меѓу дефанзивецот на неговиот тим и Анхел ди Марија, кој падна како покосен во шеснаесетникот.

„ПСЖ цел меч не ни направи шанса од игра, а пеналот беше комичен. Онаква одлуки на меч од Лигата на шампионите – тоа е навистина тажно. Никаков контакт, чиста глума. Можеби може да го измамите главниот судија, но што правеа тие во ВАР-собата. Најверојатно гледале некој друг натпревар“, изјави Нагелсман.

По вчерашниот пораз Лајпциг сега е зад ПСЖ на табелата иако двата тима имаат идентични шест бода.

„Сега не сме во добра ситуација, мораме да ги добиеме преостанатите две средби и да се надевааме дека ПСЖ нема да го стори истото“, истакна стратегот на Лајпциг.

Се вчитува...