Нагелсман: Ќе бидеме посилни без Левандовски

Баерн Минхен вечерва ќе ја стартува одбраната на титулата во германската Бундес-лига со гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во премиерниот меч од новата сезона во Германија.

Тренерот на Баварците, Јулијан Нагелсман пред мечот испрати провокација кон поранешниот фудбалер на клубот Роберт Левандовски, велејќи дека без него клубот ќе биде многу посилен.

„Изгубивме голгетер кој дава по 50 гола во сезона, но реално тимот е засилен. Многу сме мотивирани и нашите цели не се менуваат. Ја сакаме титулата, но и очекуваме добар настап во Лигата на шампионите“, изјави Нагелсман. 

 

Се вчитува...