Германскиот тим Лајпциг вечерва му гостува на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а тренерот Џулијан Нагелсман, како што вели, има нерасчистени сметки со менаџерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Сокслкјер. Тој како 11-годишно момче навивал за Баерн Минхен во финалето на ЛШ во 1999 година, а токму Солскјер го расплакал со гол во судиското продолжение.
„Кога ќе го видам – ќе му влезам со лизгачки старт“, се шегува Нагелсман. „Тогаш бев голем навивач на Баерн Минхен, имав 11 години, а татко ми кој навиваше за Борусија Менхенгладбах дополнително ме провоцираше. Тешки мигови ми направи Оле Гунар Солскјер во детството“, истакнува тренерот на Лајпциг.
Дали Нагелсман вечерва би можел да му возврати со триумф на „Олд Трафорд“?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА