Дербито на првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите е на програмата вечерва од 21 часот на стадионот „Камп Ноу“, а славниот Баерн Минхен ќе гостува на Барселона. По тој повод, зборуваше тренерот на „Баварците“, Јулијан Нагелсман, кој потенцираше дека Барселона воопшто не е слаба по заминувањето на Лионел Меси од клубот.
Со Баерн и Барселона, во групата се и портуалскиот гигант Бенфика и украинскиот состав Динамо Киев.
„На сите нека им биде јасно, Барса можеби повеќе го нема извонредниот Меси, но сепак имаат играчи кои можат да направат разлика како Депај и Де Јонг. Подготвени сме на се’. Мислам дека Барселона не е полоша од минатата сезона. Дали сме фаворити или не е повеќе медиумска тема. Знаеме само дека се среќаваат два светски клуба“, изјави 34-годишниот тренер на Баерн.
Откако Меси стана нов член на Пари Сен Жермен, Барселона оствари две победи (Реал Сосиедад и Гранада) и едно реми (Атлетик Билбао) во Примера.
Hi Coach!👋 @J__Nagelsmann #FCBayern #FCBFCB pic.twitter.com/LzQFkDKthK
— FC Bayern München (@FCBayern) September 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА