Нагелсман по титулата: Се надевам дека следната сезона ќе бидеме успешни и во другите натпреварувања

Баерн Минхен стигна до сензационалната десетта титула по ред во германското првенство откако во вчерашното дерби против Борусија Дортмунд славеше со 3-1. Баварците победата ја најавија уште во првото полувреме со головите на Гнабри и Левандовски, а откако Чан донесе надеж за гостите, победата ја потврди Мусијала при крајот на мечот.

По натпреварот тренерот на минхенскиот клуб Јулијан Нагелсман не го криеше задоволството од првиот голем трофеј во својата кариера, кој воедно му го донесе и епитетот најмлад тренер освојувач на Бундеслигата.

„Ова е мојот прв голем трофеј и чувството е прекрасно. Знам колку значеше оваа победа за исходот на целата сезона која морам да кажам дека не беше лесна. Не сум човек кој се жали, но многу работи се случија и имаше многу пречки. Мило ми е што ги надминавме истите и стигнавме до титула. Следната сезона ќе имам ист притисок, ако не и поголем. Се надевам дека ќе бидеме успешни и во другите натпреварувања и дека ќе стигнеме до 11 титула“, изјави младиот Германец.

Се вчитува...