Нагелсман: Тотално потфрливме, мора да работиме да се подобриме

Само неколку дена по срамиот пораз од Бохум во германското првенство, Баерн Минхен повторно кискна, овој пат против Салзбург во осминафиналето од Лигата на Шампионите. Домаќините поведоа со голот на Адаму во 21. минута, а ја имаа и победата во раце се до 90. минута кога мрежата ја затресе Коман за конечни 1-1.

Тренерот на баварците, Јулијан Нагелсман по натпреварот не го криеше незадовоството од прикажаното на неговиот тим.

„Не бевме доволно агресивни во пресингот. Направивме промени на полувремето и бевме подобри во вториот дел. Некои обиди не беа прецизни, десната страна во одбраната не беше на ниво, посебно кога примивме гол. Се тоа треба да го поправиме“, вели Нагелсман.

Се вчитува...