Нагелсман: Заслуживме пораз, можевме да примиме уште два гола

Баерн Минхен повторно ќе мора да биде на врвот на својата задача во реванш средба од разигрувањето во Лигата на Шампионите откако во првиот четвртфинален дуел против Вилјареал загуби на гостувањето во Шпанија со 1-0.

По натпреварот тренерот Јулијан Нагелсман не го криеше незадоволството од играта на својот тим и изјави дека баварците можат да бидат среќни дека немаат и поголема негатива.

„Заслуживме да загубиме. Не бевме добри. Во првото полувреме ни фалеше сила во одбраната и имавме многу малку шанси. Во второто полувреме беше диво. Ја препуштивме контролата бидејќи очајнички сакавме да дојдеме до гол, но можевме да примиме барем уште два“, изјави тренерот на Баерн Минхен.

Германскиот клуб во осминафиналето против Салцбург исто така имаше негатива во поголемиот дел од првиот натпревар, но откако стигна до изедначување при самиот крај, во реванш средбата забележа сигурна победа.

Се вчитува...