Денвер има свој „Спајдермен“ (ВИДЕО)

Одличната партија на Фаукндо Кампацо на дебито за Денвер против Голден Стејт му донесе нов прекар на Аргентинецот во најдобрата лига на светот – Спајдермен.

„Новиот прекар на Факу е Спајдермен. Овој човек е насекаде!!“ – напиша на својот Твитер профил неговиот соиграч, Џамал Мари.

Импресиониран беше и Никола Јокиќ, кој имаше само пофални зборови за новиот соиграч.

„Навистина е жално што немаше навивачи на трибините бидејќи тој ќе беше нивниот нов омилен играч. Го знам од претходно и знам дека е победник“ – изјави Србинот.

Се вчитува...