Награда: Ван Дајк ќе ја стигне платата на Салах

Сомнежите околу оправданоста на вложените 75 милиони фунти од страна на Ливерпул во трансферот на Вирџил ван Дајк експресно исчезнаа, откако холандскиот ас се наметна не само како лидер на тимот на Јирген Клоп, туку и убедливо најдобар дефанзивец во Премиер-лигата. Тоа само по себе носи нови проблеми, Реал Мадрид и Јувентус го „меркаат“ холандскиот џин како ас за иднината, а раководството ан Ливерпул планира експресно да реагира за што подолго да го „врзе“ Ван Дајк.

Токму затоа веќе се подготвува понуда за нов договор што Ван Дајк би требало да го потпише на почетокот од летото, а што го израмнува Холанѓанецот како најплатен фудбалер на Ливерпул, рамо до рамо со Мохамед Салах. Тоа конкретно значи плата од 200.000 фунти неделно, плус богат бонус за самиот потпис на договорот, што би требало да е доволен мотив за одличниот дефанзивец да потпише договор до 2025 година со „црвените“ од „Енфилд“.

Тој моментно заработува 125.000 фунти неделно, па јасно е дека зголемувањето на платата е значително, причина сама по себе да ги реализира најавите дека сака што подолго да остане во Ливерпул и да го стави потписот на новиот договор.

Се вчитува...