Награда за учеството на ЕП и подобрениот ранкинг: Одбојкарите ќе играат во Златната Европска лига

Македонската одбојкарска репрезентација во мај и во јуни следната година ќе биде меѓу 12. селекции кои ќе се натпреваруваат во Златна Европска лига, објави Европската федерација (ЦЕВ). Ова доаѓа по солидниот настап во дебито на европските првенства и со тоа подобрениот ранкинг на листата на ЦЕВ. Нашата селекција е на 21. место и досега настапуваше во Сребрената Европска лига.

Во престижната конкуренција највисокорангирана е Белгија како шеста одбојкарска сила на континентот, а зад неа, но во првите десет е и Холандија. Покрај нив, ќе учествуваат и Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија и на Португалија, како и послаборангираните од нас Белорусија и Романија.

Се вчитува...